Connect with us

Фудбал

Гигантите од Премиер лигата го сакаат играч од средниот ред на Јувентус

Тотенхем е заинтересиран за играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабиот, пренесува шпанскиот „Мундо Депортиво“.

Англискиот клуб го смета 24-годишниот Французин како идеален наследник на Кристијан Ериксен, кој се очекува да замине во јануари.

Агентот на играчот, мајката Вероник Рабиот, стапи во контакт со Барселона и неколку други клубови, откако беше незадоволна од минутажата на нејзиниот син оваа сезона во Јуве.

Рабиот оваа сезона има запишано само пет настапи за „Бјанконерите“ бидејќи не успеа да го убеди Сар. Тој допрва треба да постигне гол со Јуве.