Поврзи се со нас

Фудбал

Гигантот виде доволно синоќа и понуда пристигна веднаш во Лајпциг

РБ Лајпциг ќе игра против ПСЖ во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Германскиот клуб го шокираше Атлетико Мадрид со победа од 2:1 и сега ќе има можност да се бори за финалето против францускиот шампион.

Дејто Упамекано одигра одличен натпревар. Францускиот дефанзивец уште еднаш покажа дека е фантастичен фудбалер и дека не е ни чудо што го бараат најголемите европски клубови.

Еден од нив синоќа го повика раководството на клубот од Лајпциг. Токму Манчестер Јунајтед е подготвен да го донесе Французинот и понуди 42 милиони евра.

Оваа бројка е исклучително мала кога се знае дека 21-годишниот Упамекано е веќе големо име и дека тој веројатно ќе биде меѓу најдобрите дефанзивци на светот во иднина.

Јунајтед сега очајно го сака и ќе видиме дали можат да го доведат во своите редови.

Advertisement

Facebook

Реклама