Connect with us

Фудбал

Гигс конечно добива тренерска позиција

Легендарниот играч на „Црвените Ѓаволи“, Рајан Гигс би можел да застане на клупата на неговата земја, Велс.

44 годишниот репрезентативец од земјата отворено покажува интерес за потполнување на испразнетото место по заминувањето на Крис Колман, а според англиските медиуми и во федерацијата постои притисок за ангажман на Гигс како селектор.

Се очекува фудбалската федерација на Велс најдоцна до средината на следниот месец да го објави името на новиот предводник на националниот тим.