Connect with us

Фудбал

Го бараа Реал, Барселона, Јувентус, ПСЖ и Манчестер Јунајтед: Пресврт на кој никој не се надеваше за трансферот на Сергеј

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ Савиќ наредната сезона би можел да ја помине во Лацио но со двојно поголема плата и усмен договор дека по завршувањето на сезоната и за помалку од 150 милиони евра колку што сега бара претседателот на клубот, Клаудио Лотито, да го напушти тимот од Рим.

Лацио е спремен да му понуди нов договор, иако сегашниот договор важи до 2022 година. Србинот наместо досегашните еден и пол милион евра, би заработувал три милиони евра по сезона.

Челниците на Лацио наводно се спремни да му ветат на Милинковиќ Савиќ дека наредното лето ќе го пуштат за сума која одговара, но тоа не би стоело.

Ова лето за Сергеј заинтересирани беа Реал Мадрид, Барселона, Јувентус, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.