Connect with us

Кошарка

Го „чувал“ Гобер и се заразил, трет потврден случај во НБА лигата на КОВИД-19

Кошаркарот на Детроит Кристијан Вуд е заразен со вирусот КОВИД-19. Ова е трет потврден случај во НБА лигата по кошаркарите на Јута Руди Гоберт и Донован Мичел. Вуд се наоѓа во изолација. Јута играше против Детроит четири дена пред НБА лигата и официјално да ги откаже сите мечеви и да ги затвори салите. На тој дуел Вуд беше задолчен да го „чува“ Гобер. Статистиката покажува дека овие двајца на тој меч дури 63 пати биле во директен контакт.