Connect with us

Фудбал

Го имаме херојот на фудбалските терени, судијата Дарко Радески спаси живот на фудбалер (ВИДЕО)

Судијата Дарко Радески е херој на фудбалските терени. Имено, тој ја делеше правдата на помеѓу Речица и Доброште во рамките од Третата лига. Во еден момент од натпреварот, фудбалерот на домашниот тим Блертон Шабани при обид да расчисти со глава, лошо стапна на теренот и падна на грбот и ја удри главата. Во тој момент ја загуби свеста, а веднаш судијата ја прекина играта и му притрча на паднатиот фудбалер, му го извлекол јазикот, за да спречи гушење.

„Фала му на Господ што навремено забележав дека фудбалерот ја загуби свеста и што бев во негова близина за да му помогнам“, изјави судијата Радески на Мнет телевизија.

Фудбалерот Блертон Шабани по оваа ситуација го доиграл натпреварот.