Connect with us

Фудбал

Го казнуваат Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид најверојатно ќе биде казнет за ексцесите за време на дербито со Реал Мадрид на „Ванда Метрополитано“ овој викенд.

Судирот во шпанската престолнина беше прекинат речиси дваесет минути откако домашните навивачи почнаа со разни предмети да го гаѓаат голманот на гостите Тибо Куртоа.

Според шпанските медиуми, Атлетико ќе биде казнет со делумно затворање на стадионот на најмалку два претстојни домашни натпревари.

Ова не е прв прекршок од страна на навивачите на „душекот“ и поради ова е санкцијата. Сепак, од шпанската федерација се уште нема официјална информација за казната бидејќи се уште се собираат докази за тоа што се случи во саботата.