Connect with us

Фудбал

Го направил трансферот од соништата, а криел од сопругата

Кога Мартин Брајтвајт потпиша за Барселона тоа беше големо изненадување. Во зимскиот преоден рок Каталонците добија дозвола да потпишат со еден напаѓач, откако стана јасно дека Осман Дембеле поради повреда ќе го нема долго време.

Иако се спомнуваа далеко позвучни имиња, сепак на крајот изборот падна на Мартин Брајтвајт од Леганес.

Иако тој го напрвари трансферот од соништата, сепак во интервју за шпанските медиуми откри дека ниту на својата сопруга не и кажал за тоа.

-Зошто го криев интересот на Барселона од својата сопруга. Сакав да видам како преговорите ќе се одвиваат и дали на крајот се ќе биде успешно завршено. Да знаев на почетокот дека трансферот е сигурен 100 отсто, тогаш би и кажал, но сметав дека нема потреба да го возбудувам луѓето околу себе со тоа, вели Брајтвајт.

Напаѓачот поптиша договор со Барселона до 2024-та година, а верувале или не откупната клаузула е 300 милиони евра.