Connect with us

Кошарка

Го нарече Адетокумбо мајмун и доби три години затвор

Грчкиот коментатор Такис Цукалас се наоѓа под истрага од страна на обвинителството поради навредите што ги упатил кон кошаркарот на Панатинаикос, Танасис Адетокумбо.

  • Имаат мајмун! Оној лик Адетокумбо е мајмун, ви велам. Што прави тој кловн? Се срами ли? Го срами својот брат, рекол Цукалас во текот на преносот на натпреварот помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос, одигран во рамки на Евролигата пред две недели.

Поради ова грчкото обвинителство решило да покрене истрага против коментаторот кој може да добие и три годишна затворска казна. Коментаторот порачал дека неговите зборови не се расистички, туку се однесуваат на однесувањето на кошаркарот на теренот, а не на бојата на кожата.
По повод инцидентот се огласи и братот на Танасис, НБА ѕвездата, Јанис Адетокумбо.

  • Не спиев во последните неколку дена поради расистичкиот инцидент. Ако ова му се случува на Танасис кој со гордост ја претставува грчката репрезентација и Панатинаикос, тогаш не можам да замислам што им се случува на другите темни луѓе во Грција, истакна Јанис.

Браќата Адетокумбо се родени во Атина и со голем успех ги бранат боите на „елените”, додека нивните родители се од Нигерија.