Connect with us

Фудбал

Го нарекувале новиот Кака, тој го помислил тоа: Мислев дека е доволен само талентот, но згрешив!

Жереми Менез е фудбалско име кое на добрите познавачи на оваа игра им е познато. Сепак, оние кои што не се доволно упатени, можеби и не го знаат, бидејќи беше само еден од многуте фудбалери. Но, некои му предвидуваа блескава кариера, која не се случи.

Големата кариера му се предвидуваше кога со наполнети 20-години од Монако се пресели во Рома. Во римскиот клуб покажа дека е многу добар, но му недостасуваше поголема одлучност и волја да направи чекор погоре.

Летото во 2011-та година замина во ПСЖ, каде одигра неколку фантастични мечеви, но животот кој го водеше надвор од теренот едноставно не му дозоли да направи нешто повеќе.

Менез има 32 години и во моментов настапива за Париз, француски нисколигаш.

-Можев да направам многу повеќе, но не работев доволно на тоа. Мислев дека талентот е доволен. Се сеќавате на голот во мечот Парма-Милан кога беше 5:4 за нас, е тоа е вистинскито Менез. Својот стил го усовршив на улиците на Париз и верував дека далеку ќе дотуркам, вели Менез и продолжи.

-Луѓето ме споредуваа со Кака велеа дека сум добар како него. Никогаш немав тренер кој ќе ми укаже што точно да правам. Тоа единствено беше Карло Анчелоти во ПСЖ каде што играв најдобро. Рома ја напуштив бидејќи ми беше сон да играм за ПСЖ. Не работев доволно и не бев упорен во она што го сакам. Сега ми е криво поради тоа, но малку е предоцна, вели Менез.