Фудбал
Го сакате Бензема? Милијарда евра и ваш е!
Францускиот напаѓач и Кралскиот клуб се пред постигнување договор за уште едно продолжување на соработката.
Фабрицио Романо објавува дека Бензема ќе потпише нов, двегодишен договор со Реал.
Романсата помеѓу францускиот напаѓач и кралскиот клуб трае од 2009 година и ќе трае најмалку до 2023 година.
Она што е интересно и впечатливо е секако износот на откупната клаузула поставена од Реал, која изнесува нереални милијарди европски банкноти!
Ова не е првпат во светот на фудбалот оваа сума клаузула да биде доведена во прашање за играч. Клубовите на тој начин сакаат само да му покажат на фудбалерот, но и на другите клубови колку е важен за нив.
Бензема ќе го прослави својот 34 -ти роденден во декември оваа година, и би можел да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“, но не би било изненадување да замине во некоја егзотична земја или да се врати во родниот Лион.
Ја започна својата богата кариера во Герланд, а во Реал пристигна летото 2009 година заедно со Кристијано Роналдо, Кака и други ѕвезди.
За тимот од главниот град на Шпанија, одигра 560 официјални натпревари на кои постигна 281 гол.