Connect with us

Фудбал

Го сретна Мане на улица и почна да плаче, реакцијата на ѕвездата на Ливерпул зборува за каков човек е тој

Добар дел од месец јуни е резервиран за репрезентативни настапи, па многу фудбалери мораа да се изложат на следните напори по напорните сезони.

Ова особено важи за оние кои играле најдолго, како што се фудбалерите на Реал Мадрид или Ливерпул. Садио Мане практично немаше одмор. На крајот на мај играше финале во Лигата на шампионите, па веднаш му одговори на селекторот на Сенегал.

Пред само три дена тој се истакна во победата од 3:1 над Бенин, постигнувајќи три гола, иако два од пенал, а вечерва следува нов настап.

 

Сенегалецот гостува во Руанда во 2. коло од квалификациите за Африканскиот куп на нации, а напаѓачот на Ливерпул секако ќе биде првата ѕвезда на својата репрезентација, освен ако селекторот не реши да му даде пауза поради тоа што е еден од послабите тимови.

 

Во меѓувреме се појави видео на кое навивач буквално плаче од среќа затоа што го запознал својот идол, а реакцијата на сенегалската ѕвезда погледнете ја во продолжение.

Како што можете да видите, Мане поминал малку време со човекот, разговарале, тој имал и одредени работи за паметење. Изгледа дека Мане има време за сè и секогаш е тука да им го разубави животот на сите, на овој или оној начин.

 

Инаку, да потсетиме дека Мане е на прагот да потпише за Баерн бидејќи летово реши да го напушти Ливерпул.