Connect with us

Фудбал

Го украде медал од тренерот на Милан, ја направи најголемата глупост во животот, а потоа полицијата му тропна на врата

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли пред неколку дена откри дека некој му го украл медалот од прославата на титулата.

Пиоли успеа да го однесе Милан до титулата италијански шампион откако навивачите на овој клуб го чекаа Скудетото цели 11 години.

Росонерите ја прославија титулата на стадионот Мапеи по победата против Сасуоло, а потоа веселбата продолжи во Милано.

Сепак, за време на прославата на стадионот Мапеи се случи инцидент бидејќи му беше украден медалот на Пиоли. Тренерот на Милан јавно го откри тоа и побара да му биде вратен медалот бидејќи тој е единствениот што успеал да го освои како тренер.

После тоа никој не се јавил, но крадците биле пронајдени поради неверојатната глупост што ја направиле.

Фотографијата ја објавија на Инстаграм и се пофалија дека го имаат медалот на Пиоли, а момчето што го украде подоцна повторно ја објави фотографијата од медалот, па дури и го означи тренерот на Милан.

Но полицијата успеала да дојде до него и утрово го лоцирала. Успеале да го најдат дома и да го уапсат, а го нашле и медал кој конечно му бил вратен на тренерот на Милан.

Челниците на Серија А вчера му ветија на Пиоли дека ќе добие реплика на медалот доколку не се најде оригиналот бидејќи се сомневаа дека тоа ќе се случи, но поради неверојатно глупавите потези на крадците, на крајот медалот беше пронајден и вратен на Пиоли.