Други спортови
„Го видов Михаел Шумахер“
Шефот на Светската автомобилска асоцијација (ФИА), Жан Тод неодамна ја посети повредената легенда во Формула 1, Михаел Шумахер.
До сега, Шуми можеа да го посетат само неговите најблиски, членови на семејството и блиските пријатели, а го посети и Тод, кој верува дека светот повторно ќе ја види легендата.
Потсетуваме дека германскиот возач бил трагично повреден додека скијал пред шест и пол години и се наоѓа недалеку од Женевското Езеро зад високите sидови и лекувањето е во строга тајност. Дури и денес не се знае во која состојба се наоѓа или какви се неговите шанси тој да остане жив.
Познато е дека Шумахер поминал неколку операции што му го спасиле животот и тој бил во болницата 254 дена.
„Го видов Шумахер минатата недела, тој се бори. Се надевам дека светот ќе може повторно да го види. Тоа е она на што работат тој и неговото семејство“, рече лидерот на ФИА пред унгарското Гран При.