Connect with us

Фудбал

Година од соништата за Јувентус – Го донесоа Роналдо, а сега потпишаа договор вреден 400 милиони евра

Годината која изминува беше навистина успешна за Јувентус, но крајот на истата носи многу убави работи.

Јувентус повторно е незапирлив во Серија А, а тимот од Торино по се изгледа дека станува еден од главните фаворити за најдобар на „Стариот континент“.

Доаѓањето на Кристијано Роналдо ја одбележа 2018. година, а сега пристигна уште една фантастична вест.

Имено, „Старата дама“ го продолжи договорот со производителот на спортска опрема Адидас со 30. јуни 2027. година.

До крајот на договорот германската компанија ќе му исплати на Јувентус 408 милиони евра и дополнителен бонус од 15 милиони евра кој ќе биде исплатен до крајот на годинава.

Новогодишните празници можат да започнат кога е во прашање Јувентус.