Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ до полуфинале во Доха

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Доха.

Српскиот тенисер денеска со мали проблеми го совлада Грузијецот Басијашвили со 2:1, по сетови 4:6, 6:3 и 6:4.

Басијашвили одигра одличен прв сет, посебно почетниот дел кога два пати успеа да му одземе сервис на Ѓоковиќ, кој не успеа да се врати во сетот, иако беше близу до изедначување во осмиот гем од првиот сет.

Грузијецот успеа да спаси брек топка, потоа го доби гемот на својот сервис, а во 10. гем ја искористи втората сет топка и го доби првиот сет со 6:4.

Меѓутоа, во продолжението Ѓоковиќ беше доминантен. Веќе на почетокот на вториот сет направи брејк кој успеа да го зачува до крајот, на тој начин го освои вториот сет со 6:3 и го изедначи резултатот на 1:1.

Последниот сет сепак донесе возбудување. Новак започна со брејк, но овој пат Грузијецот успеа да се врати. Меѓутоа, првиот тенисер на светот во петтиот гем повторно го одзема сервисот на противникот, но овој пат својот сервис го зачува до крајот и последниот, одлучувачкиот сет го до доби со 6:4 и дојде до победа во овој натпревар.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Роберто Баутиста-Агут.