Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ кажа дека е против вакцинација, па го „нападнаа“: Збунет сум

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ стана мета на критики од здравствените лица во Србија, но и соседна Хрватска, откако во видео разговорот со негови колеги тенисери, но и други спортисти изјави дека доколку се појави вакцина за Ковид-19 нема да се вакцинира.

-Јас прв не сум за такви вакцини, не се согласувам со тоа да морам да се вакциниран за да патувам. Ако тоа биде правило и закон, што ќе биде тогаш? Морам да одлучам дали ќе го правам тоа или не?, изјави тогаш Новак Ѓоковиќ.

Критики доби од Предраг Кон, искусен епидемиолог од Србија, кој му порача повеќе да не зборува за вакцина и да се воздржи од коментари за нешто што не го познава.

Сега, „Њујорк Тајмс“ објави изјава на Ѓоковиќ во која вели дека се чувствува збунето.

-Не сум експерт, но сакам да имам опција да го изберам она што е најдобро за моето тело. Отворен сум и ќе продолжам да ја истражувам оваа тема бидејќи таа е важна и ќе влијае врз сите нас. Да бида искрен, како и останатиот дел од светот, помалку сум збунет. Иако имам пристап до информациите и ресурсите, сепак не сум сигурен што е најдобро да с енаправи, се вели во соопштението кое го пренесе „Њујорк Тајмс“, а кое е составено од тимот на Новак Ѓоковиќ.