Connect with us

Тајмаут

Ѓоковиќ: Ние Србите сме небески народ

Новак Ѓоковиќ последните неколку седмици ги минува во својата татковина, каде се подготвуваше за настапите на Дејвис Куп репрезентацијата на Србија.

Својот престој во Белград го искористи и за гостување во емисијата „Вечер“ на Иван Ивановиќ во која одговараше на спортски теми, но и објаснуваше некои претходни изјави. Една од нив е онаа дека „Србите се небески народ“.

„Можам да одговорам како Србин, не дај Боже како политичар. Можам компетентно да зборувам за спорт и ментална подготовка, но за ова можам да зборувам само лично. Јас реков дека ние сме небесна нација и луѓето овде губат верба во фактот дека сме небесна нација. Причината е тешката ситуација. И овде и во светот не се најдобри, многу луѓе имаат егзистенцијални проблеми. Затоа другите работи не се многу важни, вие гледате како да обезбедите леб за семејството.

Вербата во небесната сила, во Бога, е нешто што ја чува оваа нација од големи неволји со векови. Верата мора да се одржи за да се биде независен, да се развие критичко размислување и да се оцени дали нешто е добро за вас. Мора да верувате дека постои небесна сила што ве носи ако живеете според вредностите“, рече Ноле.