Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ откри како му било да го гледа финалето на АО: „Јелена го поддржуваше Медведев, а синот Стефан …

Новак Ѓоковиќ во интервју за Би-Би-Си изјави дека нема да се вакцинира, дури и тоа да значи дека нема да игра на големи турнири како Ролан Гарос и Вимблдон.

Во средината на јануари Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија и не настапи на Австралија опен, кој на крајот го освои Рафаел Надал.

Надал во епски меч го победи Даниил Медведев со 3:2. Ѓоковиќ го следеше натпреварот и, како што рече, не му било воопшто лесно.

„Жената навивааше за Медведев, а синот за Надал. Секој поен што ќе го освои Надал, Стефан ќе скокне“, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот ас објасни дека неговиот син Стефан е голем фан на Надал.

„Кога повторно ќе играш против него. Би сакал да се фотографирам со него“, го прашал малиот Стефан

„Тешко ми беше да го гледам натпреварот. Бев неутрален, не навивав за никого бидејќи навистина сакав да бидам таму. Но, беше забавно“.

Српскиот тенисер објасни дека неговиот син е голем навивачна на Надал

Ѓоковиќ зборуваше и за деталите како се чувствувал во хотелот за мигранти и за време на обуката.

„Дефинитивно не беше пријатно. Не сакам да седам овде и да се жалам на условите во тој центар бидејќи останав седум дена. Се чувствував беспомошно, не можев да го користам телефонот три-четири часа. Беше во сред ноќ, од еден до девет часот наутро, не спиев бидејќи ме испрашуваа на секои 30 минути“.

„Имаше многу, многу интервјуа кои почнаа и потоа паузираа за лугето да разговараат со претпоставените. Тоа траеше цела ноќ. Прво тоа е поставено, па повлечено, па пак визата беше повлечена, па бев слободен четири дена и тренирав. Ова не беа вообичаените денови за тренинзи што вообичаено ги имав пред Грен слем, хеликоптер леаше над Род Лејвер арената за време на секој тренинг. Камерите се насекаде“, рече Ѓоковиќ.