Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ петти пат сезоната ја заврши како број 1

Петти пат во кариерата српскиот тенисер Новак  Ѓоковиќ ќе ја заврши годината на првото место на АТП листата и ќе се изедначи со Роже Федерер и Џими Конорс. А пред нив во овој момент е само уште Пит Сампрас кому тоа му пошло од рака шест пати.

Новак ќе остане на врвот на АТП листата без оглед на тоа што ќе направи за време на АТП финалето во „О2″ арената во Лондон.

-Покрај освојувањето на грен слем турнирите и ова АТП финале, најголема цел во нашиот спорт е да се биде број еден – почна со своето обраќање во јавноста Србинот. „Горд сум на ова достигнување, особено поради патот кој го поминав во изминатите 15.месеци.