Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ по 80 дена на теренот

По бројните контроверзии и депортацијата од Австралија поради кои го пропушти Австралија опен, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ денеска се враќа на терените.

Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот од серијата 500 во Дубаи.

Негов ривал ќе биде Лоренцо Мусети, младиот Италијанец, а популарниот Ноле е апсолутен фаворит, иако ова му е прв меч по 80 дена.

Последен пат беше на теренот на Дејвис купот кога на 3 декември славеше против Марин Чилиќ со 2:0 (6:4, 6:2).

Ѓоковиќ и Мусети досега се сретнаа на Ролан Гарос кога Србинот славеше.

Денешниот натпревар започнува во 18 часот.