Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ повторно шокира: Знам луѓе кои со молитва загадената вода ја прават лековита

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува да ја шокира светската јавност со неговите изјави. Отако јавно изјави дека нема намера да се вакцинира против коронавирус, и дека по ова прашање секој има право на избор, српскиот тенисер сега со нова „мисла“ која шокираше многумина.

-Познавам чуѓе кои со молитва загадена вода ја прават лековита, вели Ѓоковиќ.

Но, веднаш стигнаа бурни реакции. Поранешната тенисерка Мери Карило вели дека Ѓоковиќ мора да ја повлеќе оваа изјава бидејќи е многу опасна.

Ѓоковиќ зборуваше дека отровната вода може да стане лековита. Тоа се опасни зборови, кои мора да ги повлече, вели таа.