Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ повторно тренираше, молкот на министерот е тивко страдање за сите

Новак Ѓоковиќ се уште е „на мраз“ во Австралија.

Светскиот рекет број еден се посвети на тениските обврски по неколкудневната драма околу добивањето виза за влез во Австралија, но секако дека сè уште го има товарот на можноста да му се укине визата во главата.

Најдобриот светски тенисер по вторпат тренираше во Род Лејвер Арената во Мелбурн и со тоа ги продолжи подготовките за првиот гренслем турнир во сезоната.

Сепак, дефинитивно ниту тој, ниту неговиот тим и семејството не можат мирно да спијат до објавата на Алекс Хук, австралискиот министер за имиграција, кој има право да му ја одземе визата на Ѓоковиќ и покрај судската одлука дека таа неоправдано е укината по слетувањето во Австралија.

Последните информации од оваа земја велат дека Хук се уште ја разгледува целата ситуација и дека денеска нема да биде донесена одлука.

Доколку се биде во ред и Новак заигра на Австралија опен, ќе се обиде да го освои јубилејниот десетти трофеј на овој турнир и со тоа да стане играч со најмногу освоени грен слем турнири досега.

Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари.