Други спортови
Ѓоковиќ: Условите брутални, само играчите знаат колку им е тешко
Шестиот носител Новак Ѓоковиќ кој успешно го мина првото коло на Грен слемот УС Опен се пожали на условите во кои се играат најголемиот број од мечевите.
– На почетокот сме, а веќе имаме десетина откажувања поради бруталните услови. Температурите се екстремно високи и колку и да се подготвуваш за такви услови на теренот, тешко е да се одигра цел меч. Само тенисерите знаат како е да се игра по такви горештини. Се обидуваме да се освежиме на разни начини. Тоа е и не можеме многу да смениме. На високи температури се играше и на Австралија Опен и на Вимблдон, изјави српскиот тенисер.
За време на вчерашниот меч со Унгарецот Мартон Фучович, двајцата тенисери користеа и десетминутна пауза за освежување.
– Буквално влеговме во када со мраз. Кусо траеше, ама беше добро брзо да се освежите, додаде Ѓоковиќ.