Connect with us

Фудбал

Гол во 26-та секунда, големо реми на Шкендија на гостувањето кај АИК (ВИДЕО)

Шкендија одигра 1:1 на гостувањето кај шведски АИК во рамките од третото коло од Конференциската лига на УЕФА. Македонскиот претставник одигра добар меч, а резултатот е одличен пред реваншот и со право тимот од Тетово може да се надева на пласман во следна рунда.

По само 26 секунди игра Ферхан Хасани ги замолкна домашните навивачи откако погоди за 0:1. Сепак брзо се совземаа домаќините од овој шок, па израмнија во 17-та минута преку Гуидети. Овој резултат остана актуелен до крајот на мечот и покрај неколкуте шанси на двете страни.