Connect with us

Фудбал

„Голасо“ на Каземиро, Бразил во осминафинале (ВИДЕО)

Фудбалерите на бразилската репрезентација ја победија Швајцарија со 1:0 (0:0) во натпреварот од 2.коло на Светското првенство.

Швајцарија не покажа многу. Од друга страна пак Бразил беше доминантен. Момците на Тите ја имаа иницијативата од самиот почеток. Имаа и посед, и поголем број на поверојатни напади, од кои оној во 27. минута преку Винисиус Жуниор можеше да им донесе водство. Суперѕвездата на Реал Мадрид го почувствува моментот да се прикраде кон швајцарската одбрана, но не ја фати добро топката и Јан Зомер успеа да го спаси својот тим.

Швајцарците исто така се потпираа на напади од нивните крила. Тие се обидоа, но не успеаја да ја го совладаат Алисон.

Се играше 63. минута кога Винисиус повторно побегна од швајцарската одбрана, беше побрз од Ник Елведи и мајсторски ја заврши акцијата со гол, но се утврди дека на почетокот на акцијата Ричарлисон беше во недозволена позиција. Иако не ја допре топката, се активираше во акцијата, а тоа значи офсајд.

Но,  но 20 минути подоцна гол. Не од Винициус, туку од Касемиро и тоа каков. Полуволеј бомба за воодушевување цел Бразил за пласман во осминафинале.