Connect with us

Кошарка

Голден Стејт е непоразен на 6 последователни гостувања

Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт е непоразен во последните шест гостувања. Последното гостување го играа против Детроит, каде победија со 102:98.

Голден Стејт има шест победи на шесте гостувања по ред, а тренерот Стив Кер уште повеќе го радува фактот, бидејќи на последните два меча го немаше на располагање својот најдобар играч Стев Кари, кој има повреда на зглобот на ногата.

Во отсуство на Кари, Кевин Дурант ја превзема одговорноста за реализација и заврши со 36 поени, додека Томпсон додаде 21 поени. Голден Стејт е првиот тим во НБА лигата што има перфектни шест победи на шест гостувања по ред, по ЛА Лејкерс во 2009 година.