Connect with us

Кошарка

Голден стејт одлучи да му даде прстен на Омер Каспи

Актулениот шампион во НБА лигата, екипата на Голден стејт, запиша нова рутинска победа, овој пат против Мемфис со 117:101 и притоа му оддаде голема почит на кошаркарот од противничкиот тим, Израелецот Омар Каспи, „крунисувајќи“ го со НБА прстен.

Каспи не беше во составот на „воините“ минатата сезона во плејоф натпреварите, поради повреда која беше од тежок карактер. Поради тоа Голден стејт го отпушти за да направи место за Квин Кук во ростерот за плејофот. Меѓутоа, со придонесот на Каспи во регуларниот дел од сезоната, каде одигра 52 натпревари и во просек бележеше по шест поени и четири скокови, дојде до НБА прстенот, кој му беше врачен на овој натпревар.

Од натпреварите кои се одиграа, тимот на Шарлот славеше на домашен терен против Атланта со 113:102, Далас исто така пред своите фанови го доби Вашингтон со 119:100, портланд триумфираше на свој паркет над Милвоки со 118:103, додека единствената гостинска победа ја запиша Бруклин кај Феникс со 82:104. Тимот од Аризона игра лошо оваа сезона, поради што се последни во Западната конференција со скор од две победи и осум порази.

  • Немавме енергија, не се залагавме за победа, немавме ум… Знам дека навивачите го сакаат Феникс, доаѓаат возбудени во арената да ги гледаат своите момци, но се враќаат натажени кон дома. Мораме да напредуваме и да бидеме многу подобри, изјави тренерот на тимот Игор Кокошков.