Connect with us

Фудбал

Голем удар за Белгија: Де Брујн се врати во Манчестер

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез призна дека Кевин Де Брујн не е подготвен да игра против Исланд.

Де Бруин беше капитен на својата репрезентација на последниот натпревар на Белгија, против Англија, но ќе го пропушти натпреварот против Исланд.

„Тој не беше повреден, но тој ми рече дека чувствува нешто. Не знаеме што е тоа, но тој не е сто проценти подготвен за играта. Поголем дел од управата ја донесовме одлуката за да нема никакви компликации“, рече Мартинез.

Така Де Бруин се врати во Манчестер, каде ќе ги изврши сите прегледи по што ќе се знае што всушност се случило.

Сигурно е дека Гвардиола особено се надева дека неговиот најдобар играч нема ништо, и дека ќе биде подготвен за следниот натпревар.