Поврзи се со нас

Фудбал

Голем удар за Манчестер Сити: Де Брујн две недели надвор од теренот

Кевин Де Брујн ќе ги пропушти следните натпревари во Манчестер Сити поради повреда што ја заработи во дресот на Белгија.

Имено, тој не го одигра последниот натпревар на Белгија поради ударот што го доби на натпреварот против Англија.

Веднаш се врати во Манчестер, а по тестовите беше откриено дека станува збор за повреда на мускулот, и дека ќе мора да паузира.

Тој ќе биде надвор од терените во следните две недели, што значи дека ќе го пропушти натпреварот против Арсенал, но и некои други натпревари.

Тоа е секако голем хендикеп за Манчестер Сити бидејќи Де Брујн прерасна во главен играч на овој тим.

Advertisement

Facebook

Реклама