Connect with us

Фудбал

Голема дебата на легендите за Реал и Ливерпул: „Како можеш да кажеш дека се најдобри?

Реал Мадрид синоќа во финалето на Лигата на шампионите во Париз го совлада Ливерпул со 1-0 со голот на Винисиус Јуниор.

Сите видовте помалку – повеќе сите. Ливерпул генерално беше подобар и поопасен, создаде многу поголем број на шанси, а на крајот остана без трофеј, па Реал дојде до рекордниот 14. пехар.

Во Мадрид на големо се слави, а Ливерпул тагува како пред четири години откако, како и синоќа, во финалето загуби од Реал Мадрид. Во тоа време беше 3:1 за кралевите.

 

И покрај поразот, поранешниот напаѓач на Ливерпул и Реал Мадрид, Мајкл Овен, верува дека „црвените“ моментално се најдобри. Тоа го кажа во анализата на финалниот натпревар за БТ Спортс, но Рио Фердинанд, уште една легенда на англискиот и европскиот фудбал, не можеше да се согласи со него.

 

“Сè уште мислам дека Ливерпул е најдобар во Европа во моментов“, изјави поранешниот играч на „црвените“ за БТ Спортс.

„Како можете да кажете дека се најдобри во Европа? Тие штотуку ги загубија Премиер лигата и Лигата на шампионите“, изјави Фердинанд, поранешен стопер на Манчестер Јунајтед.

 

Сепак, Овен не сакаше да се откаже од својата првична изјава дека Ливерпул е најдобар на Стариот континент.

 

„Реал победи, но вие добро знаете дека тоа е само еден натпревар. Сè уште мислам дека Ливерпул е најстрашниот тим во Европа, но нема големи трофеи оваа сезона и тоа е горчливо апче за голтање“.

 

“Не, не мислам дека тоа е најдобриот тим во Европа. Мора да ги освоите најважните трофеи за да имате таков епитет. Тоа е непочитување кон Реал. Тие ги победија првите три тима од Премиер лигата и освоија Лигата на шампионите”. му рекол Фердинанд на Овен.

 

„Да, тие имаат трофеј. Но, можете ли да ги погледнете нивните два натпревари против Манчестер Сити и да кажете: „Да, тие беа подобри. „Може ли тоа да се каже за натпреварите против Челзи? Мислам дека да се биде најдобар тим е повеќе од победа, трофејот не му се одзема на Реал – тоа е феноменално“, одговори Овен.

 

Двајцата едноставно не можеа да најдат заеднички јазик, иако точно е дека Ливерпул беше подобар во поголемиот дел од мечот во Париз, но на крајот се паметат само титулите и трофеите, сите преку ноќ ја забораваат играта.