Connect with us

Фудбал

Големата надеж на Барселона оди во Премиер лигата?

Шпанецот Жерар Делофеу пред десет години важеше за еден од најталентираните фудбалери во светот. На ученикот на Барса му предвидуваа одлична кариера и „сигурно“ место во тимот од „Ноу Камп“, но ништо од тоа не се случи.

Крилниот напаѓач кариерата ја изгради во Премиер лигата каде играше за Евертон и Ватфорд, кратко време остана во Милано, а моментално е член на Удинезе.

27-годишниот Делофеу би можел по третпат да заигра на Островот, овој пат во дресот на Вест Хем. Според пишувањата на италијанските медиуми, „чеканите“ се подготвени да вложат два ипол милиони фунти во трансферот на левоногиот крилен играч од Удинезе.

Тој би можел да донесе квалитет и искуство во тимот на Дејвид Мојс, а откупната цена не е висока за стандардите во Премиер лигата, па Вест Хем не би загубил многу со него.

Делофеу оваа сезона одигра 22 натпревари за Удинезе и постигна седум гола, игра во добра форма и не би било изненадување повторно да го видиме во англискиот фудбал.