Connect with us

Фудбал

Големи проблеми за Лацио, без најдобриот до крајот на годината

Чиро Имобиле ќе мора да паузира подолго. Предната ложа е доведена во прашање, а по се изгледа би можел да паузира до јануари, пренесуваат италијанските медиуми.

„Газета“ истакнува дека дефинитивно ќе ги пропушти сите натпревари што ги очекува Лацио до крајот на оваа календарска година.

На дуелот против Удинезе, Имобиле се повреди и не можеше да го продолжи дуелот веќе во првото полувреме, па можеби треба да се бараат причините зошто резултатот остана 0:0.

Имобиле е еден од најдобрите играчи на Лацио, фантастичен стрелец, ќе видиме колку оваа повреда ќе му попречи на тимот…