Connect with us

Фудбал

Големи промени во Торино

Јувентус, наводно, е подготвен да го продаде напаѓачот од Аргентина, Гонзало Игуаин ова лето.

Според „Спорт Медиасет“, „Старата дама“ постави цена од 50 милиони евра за 30-годишниот напаѓач, а интерес за него покажува францускиот ПСЖ.

Игуаин пристигна во Јувентус пред две години, од Наполи за 90 милиони евра. Тој освои две шампионски титули, постигна 55 гола, но во Лигата на шампионите „потфрли“ во клучните натпревари.

Исто така, годините не се на негова страна. Во декември полни 31, па „Бјанконерите“ бараат други опции во нападот.

Од друга страна, Јуве продолжува да бара замена за Гиги Буфон. Тимот на Џенова денеска потврди дека Јуве го сака нивниот голман, Матија Перин.

Сепак, од овој клуб велат дека би било штета овој одличен голман да биде резервата на Војчих Шчесин, и повеќе би сакале да го продаде Наполи, кој бара долгорочно решение на позицијата на првиот голман.

„Вистината е дека Јуве го сака. Марота ме контактираше, и разговаравме. Сега чекаме повик за официјални преговори. Не знам дали ќе оди таму, но ќе биде штета да биде резерва. Јуве мора побрза, бидејќи и Наполи го сака“ рече претседателот на Џенова, Енрико Прециози.