Connect with us

Фудбал

Големиот Дејан Станковиќ-не е важно колку ќе помогнете, важно е да се спаси живот

Фудбалот и спортот застанаа во целиот свет. Причина коронавирусот. Голем број спортисти, кои на годишно ниво добиваат големи плати, сега сакаат да се одолжат. Еден во низата е легендарниот Дејан Станковиќ, кој сега е тренер на Црвена Звезда.

Поранешниот играч на Лацио и Интер, одлучи до неговиот бизнис партнер и нивната компанија „Стефиал“ да донираат респиратори и медицинска опрема за болниците во Србија и на тој начин директно да помогнат во борбата против КОВИД-19.

-Должност на сите нас, кои можеме е да помогнеме во овој тежок момент. Не е важно колку, важно е еден живот повеќе да биде спасен, вели Станковиќ.