Connect with us

Фудбал

Гонзало Игуаин до Јувентус: Не се враќам додека не помине кризата

Угледниот весник „Газета Дело Спорт“ пишува дека напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин му соопштил на Јувентус дека не се враќа од Аргентина додека не помине целосно кризата со коронавирусот.

Тој на 19-ти март на негово барање замина во Аргентина, каде и сега се грижи за неговата мајка, која има влошена здравствена состојба. Сепак, според весникот, откако Јувентус побарал од сите странци да почнат да се враќаат во Торино, бидејќи наскоро планираат да почнат со тренинзи, односно на почетокот на мај, тој одбил да се врати.

Тренинзите во италија најверојатно ќе почнат на 4-ти мај, но сите странски фудбалери кои се враќаат во Италија претходно треба да поминат во задолжителен 14 дневен карантин пред да се приклучат на тимот.

Има шанси сезоната да почне кон крајот на месец мај, но веројатно во регионот Ломбардија, каде е и градот Милано нема да се игра фудбал.