Connect with us

Фудбал

Гонзало Игуаин станува најплатениот фудбалер во МЛС

Гонзало Игуаин ќе стане најплатениот фудбалер во МЛС.

Аргентинецот ја прекина соработката со Јувентус пред неколку дена. За тоа доби нешто повеќе од четири милиони евра, а наскоро и официјално ќе стане член на Интер Мајами.

Со доаѓањето во МЛС, Пипита станува најплатениот фудбалер во лигата. Тој ќе заработува седум милиони долари годишно и ќе потпише двегодишен договор.

Исто така, наводно има и одредени бонуси кои ја зголемуваат неговата плата на дополнителни 8,8 милиони долари, и нема сомнение дека патувањето на Игуаин во САД добро се исплатеше.

Минатата година Златан Ибрахимовиќ заработи најмногу пари во МЛС (7,2 милиони долари), а во моментов најплатен е играчот за врска на Торонто е Мајкл Бредли, чија плата со бонуси е 6,5 милиони долари.

Да потсетиме, Игуаин во својата богата европска кариера има играно за Реал Мадрид, Наполи, Јувентус, Челси и Милан.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com