Фудбал
Горд сум на мојата боја на кожа
Централниот дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали, преку социјалните мрежи откри што мисли за дерби дуелот против Интер на кој беше навредуван на расна основа од домашните навивачи. Сенегалскиот интернационалец испровоциран од навредите, саркастично реагираше со аплауз кон судијата по што доби втор жолт картон и беше исклучен.
- Разочаран сум од поразот, но, пред се, жал ми е што морав да ги оставам моите браќа. Јас сум горд на мојата боја на кожата. Горд сум што сум Французин, Сенегалец и наполитанец, напиша Кулибали на Твитер.