Connect with us

Фудбал

Господски потег: Кадиз ја шокираше Барселона, а потоа го воодушеви светот со фотографиите од соблекувалната

Фудбалерите на Кадиз синоќа ја шокираа Барселона на Камп Ноу бидејќи победија со 1:0.

Кадиз дојде до златни бодови во борбата за опстанок и историска победа на стадионот на Барселона за која ова беше уште една шлаканица по испаѓањето од Лигата на Европа.

Барселона синоќа повторно ги разочара своите навивачи и ја пропушти можноста да се одвои повеќе или помалку од Севиља и Атлетико Мадрид на второто место. Сепак, Каталонците не ја искористија оваа прилика бидејќи доживеаја нов шокантен пораз.

Моментот на одлука на овој натпревар се случи во 48. минута кога Лукас Перез го постигна единствениот гол. Кадиз се бранеше со сите сили до крајот на натпреварот, а успеа да ја зачува мрежата и да дојде до големите три бода.

Гостите по натпреварот направија вистинска забава во соблекувалната и ја прославија победата, но по натпреварот ја воодушевија фудбалската јавност со објава на Твитер.

Имено, Кадиз реши целосно да ја исчисти соблекувалната во која престојуваше и на тој начин и се заблагодари на Барселона за одличното гостопримство.

„Чест е да се игра на „Камп Ноу“ и да се забележи историска победа. И благодариме на Барселона за одличниот третман и гостопримството како и секогаш. Ви посакуваме среќа во остатокот од сезоната“, објавија од Кадиз со фотографии од соблекувалната.