Connect with us

Фудбал

Готово е Милан има нови сопственици, сумата е 1,2 милијарди евра, компанијата има удел и во Ливерпул

Redbird Capital Partners постигна конечен договор за купување на италијанскиот Милан, седумкратниот европски фудбалски шампион, некогаш во сопственост на поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони.

Redbird Capital Partners треба да го објави купувањето на клубот од американскиот инвестициски фонд Елиот Менаџмент Корп. Сумата наводно достигнува околу 1,2 милијарди евра (1,3 милијарди долари, објави Блумберг.

Њујоршкиот Redbird, основан од Џералд Кардинале, управува со околу 6 милијарди долари, според неговата веб-страница. Фирмата е акционер во Fenway Sports Group Holdings LLC, сопственик на англискиот фудбалски клуб од Премиер лигата Ливерпул и на американскиот бејзбол тим Бостон Ред Сокс. Исто така, има контролен удел во францускиот фудбалски тим Тулуз.

Redbird ја победи конкуренцијата од Блискиот Исток, односно Investcorp во битката за Милан. Милан е едно од најголемите имиња во европскиот фудбал и штотуку ја освои титулата во Серија А оваа сезона во Италија.