Connect with us

Фудбал

Готово е, Перишиќ потпиша со новиот клуб (ВИДЕО)

Иван Перишиќ го напушти Интер. 33-годишниот крилен фудбалер следната сезона ќе го носи дресот на Тотенхем, чиј тренер е Антонио Конте, со кој минатата сезона Хрватот ја освои шампионската титула во Италија.

Искусниот хрватски репрезентативец ќе му се приклучи на новиот клуб на 1 јули по истекот на неговиот договор со Интер. Со Тотенхем се согласи на договор кој ќе трае до 2024 година.