Connect with us

Фудбал

Готово, се врати од пензија и ќе биде прв голман на Барселона!

Сега е и официјално, Војчех Шчесни е нов голман на Барселона. Тој во август месец одлучи да се пензионира иако имаше големи понуди од Саудиска Арабија. Сепак, не одолеа на понудата на Барса, па сега се реактивираше и ќе брани за каталонскиот тим. Договорот со Шчесни доаѓа откако првиот избор на Барса, Тер Штеген се повреди и ќе мора да паузира неколку месеци. Договорот е до јуни 2025-та година. Шчесни претходно бранеше за Арсенал, Рома и Јувентус.