Connect with us

Тајмаут

Грабеж во Мадрид, следната жртва ѕвезда на Атлетико

Ограбувањето домови на играчите стана застрашувачки тренд во последно време, особено во Шпанија. Следниот дом што беше ограбен е оној на играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Томас Парти.

За среќа, единствената штета што ја направиле крадците била финансиска, затоа што украле некои скапоцености. Во тоа време имало само еден вработен во куќата на Томас, и за среќа нема повредени.

Шпанските власти започнаа со истрага и се обидуваат да ги фатат сторителите што е можно поскоро. Ова е повторлив случај во Шпанија, каде се ограбени домовите на Алваро Мората, Жорди Алба…