Connect with us

Фудбал

Граѓаните и црвените направија спектакл на „Етихад“, но ја оставија целата неизвесност за крајот на сезоната

Манчестер Сити и Ливерпул ремизираа 2-2 на „Етихад“ во големото дерби од 32. коло на англиската ПЛ.

Дуелот кој можеше да доближи една од екипите до титулата во Англија на крајот не донесе победник, па Сити и по дербито остана на бод пред „црвените“.

Натпреварот почна добро за Граѓаните бидејќи поведоа уште во петтата минута. Кевин де Брујн погоди со помош на одбраната на Ливерпул за предност од 1-0.

Одговорот на „црвените“ пристигна веднаш. Само осум минути подоцна Диого Јота постигна гол и израмни на 1:1.

Во остатокот од првото полувреме Сити е подобар тим. Избраниците на Пеп Гвардиола постојано напаѓаа, а „Граѓаните“ дојдоа до ново водство во 36. минута. Габриел Жесус вешто избегнува офсајд по центаршутот на Кансел и погодува за 2-1.

Со овој резултат се замина на одмор, а само што започна вториот дел Ливерпул израмни. Садио Мане постигнува гол за 2:2.

Сити потоа погоди за Стерлинг за 3:2, но ВАР оправдано го поништи голот. До крајот немаше повеќе голови и остана 2:2.

Манчестер Сити по ова реми остана на врвот на Премиер лигата. Граѓаните имаат 74 бодови и се еден бод повеќе од Ливерпул.

Сигурно е дека до крајот на сезоната нè очекува навистина жестока борба за шампионската титула, а тој што ќе погреши жестоко ќе зажали.