Connect with us

Фудбал

Грчка салата во Катар за која треба да се плати 10 евра (ФОТО)

За четири дена или поточно на 20-ти ноември со мечот Катар-Еквадор ќе започне Светското првенство. Уште од самиот почеток, по добивањето на организацијата на Мундијалот, Катар го следат скандалозности, пред се поради сториите скандалот дека организацијата е купена.

За четири дена почнува, првите новинари, фанови и селекции пристигнуваат во Катар, а пристигнуваат и првите реакции. Со оглед на тоа дека хотелите се букирани, навивачите ќе се сместуваат во контејнери и шатори адаптирани во соби со кревети, каде освен клима и чешма нема ништо друго.

Но, новинарот на „The Sun“ на публиката и претстави и дел од храната. Нешто за кое што во Катар тврдат дека е грчка салата, навивачите ќе треба да платат цели 9 фунти, или 10,2 евра.