Connect with us

Фудбал

Гремио прв финалист на Светското клупско првенство

Бразилскиот тим Гремио е првиот финалист на Светското клупско првенство што се игра во Обединетите Арапски Емирати. Тие во полуфиналето по продолжение го совладаа шампионот на КОНКАФ, Пачука од Мексико со 1:0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Евертон во 95. минута.

Претходно се одигра и дуелот за 5. место во кој што Урава со 3:2 славеше против Вивад Казабланка.

Утре се игра вториот полуфинален натпревар помеѓу Реал Мадрид и Ал Џазира, а финалето во Абу Даби се игра во сабота.