Connect with us

Фудбал

Гризман го разочарал претседателот на Барселона, дали ова значи крај за него на „Камп Ноу“?

Жозер Бартомеу, претседател на Барсеона е разочаран од учинокот на Антоан Гризман кој беше платен 120 милиони евра на Атлетико Мадрид. Иако дојде како големо засилување, сепак Французинот никако да ги оправда очекувањата.

Гризман дојде во надеж дека ќе стане нова голема sвезда на Барса, но неговиот придонес во составот досега беше скромен. Тој има 8 гола на 26 натпревари во Ла Лига оваа сезона.

Дури и тренерот Кике Сетиен има забелешки за играта на Гризман. Тој сака да види повеќе агресија и ароганција од Французинот, а ова мислење го дели Бартомеу.

Иако Гризман сè уште не го покажал најдоброто на „Камп Ноу“, сепак клубот можно е да му даде нова шанса. Но, пред неколку дена италијанските медиуми пишуваа дека Интер ќе се согласи да го пушти Лаутаро Мартинез, кој е голема желба на Барселона, доколку во спротивна насока го испратат Антоан Гризман.