Connect with us

Фудбал

Гризман ја затвори својата врата на Олд Трафорд за сите времиња

Играчите на Атлетико Мадрид ремизираа против Арсенал во четвртокот (1:1) во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Европа.

Главниот јунак на Мадридскиот клуб на овој натпревар беше Антоан Гризман кој постигна гол во финишот од натпреварот и на тој начин му донесе одличен резултат на неговиот тим пред реваншот во Мадрид. Исто така, Атлетико треба да му се заблагодари на голманот Јан Облак кој имаше неколку неверојатни интервенции.

По натпреварот, Гризман само го пофали словенечкиот голман и рече дека е подобар од Де Геа во овој момент. Оваа изјава ги разлути навивачите на Манчестер Јунајтед, кои „распалија“ по напаѓачот на Атлетико Мадрид по социјалните мрежи.

Познато е дека Гризман беше чекор подалеку до приклучувањето кон Јунајтед минатото лето, но се чини дека со оваа изјава тој конечно ја затвори својата врата за Олд Трафорд. Навивачите на Црвените Ѓаволи му порачаа на Гризман да не зборува глупости и дека нема начин Облак да биде подобар од Де Геа.

Еве некои од нив.

https://twitter.com/CynicalLive/status/989813041570156546

https://twitter.com/DailySports_1/status/989814318920323072

https://twitter.com/TheShowOff85/status/989638941627297792