Connect with us

Фудбал

Гризман му ја донесе првата победа на Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја остварија првата победа во новата сезона во Ла Лига.

„Јорганчиите“ на стадионот „Ванда Метрополитано“ во рамките на 2. коло од Ла Лига ги угостиа Рајо Ваљекано, а новопечениот шпански прволигаш го совладаа со минимални 1:0.

Натпреварот не беше претерано интересен, а клучниот момент се случи во 63. минута од натпреварот. После нафрлувањето од корнер Савиќ ја спушти топката кон Гризман, кој одлично се снајде и ја затресе мрежата на гостите за минимална победа од 1:0.

Јан Облак речиси и немаше работа во поголемиот дел од натпреварот, а посебно во последните неколку минути.