Connect with us

Фудбал

Гризман: Треба да ја подобрам формата

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман очекува со напорна работа да ја врати старата форма кога беше страв и трепет за противничките голмани.

Не сум задоволен од моменталната форма во која настапувам за Атлетико Мадрид. Мора нешто да сторам за да ги подобрам моите перформанси. На некои натпревари немам ниту еден добар удар кон противничкиот гол и реално тоа е проблем. Треба да се потрудам и да му помогнам на тимот да стигне на врвот, изјави Французинот.

Гризман негираше дека е пред трансфер во друг клуб.

Барем за сега немам намера да заминам во јануари. Немам договор за трансфер со претседателот на Атлетико. Во еден мој одговор кажав дека би можел да играм во ист тим со Нејма и Мбапе, но тоа не значи дека сакам да одам во ПСЖ.